Ќе да е се зацапав во голфот оти се игра молчешкум и задумано, како кога ги прелистуваш албумите од детството.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
6. Внатре, пак, во Потковицата, иако не без ризици, сепак нормално, човешки, пеша, на коњ, или со запрежно возило, моторни, освен трактори и џипови, не одаат, без попусти напори и закани дека, ако се намериш преку ридиштата, ќе се зацапаш во блатата и мртвиците, може да се влезе, и да се излезе од неа, само по два пата - по Пазарџиски Пат и по Голем Пат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Го пресекоа патот што се протега кон езерото, влегоа во некои ливади во кои зацапаа во водје, се пикнаа во капињето на некоја меѓа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Со денови шета сам дење долж пресушеното корито на реката ноќе низ пустината во себе и утринава тој се собува, ги засукува ногавиците, зацапува во празното корито, го собира камењето, го корне билјето, го зачистува дното; што се случило, сам се прашува, кај исчезна водата...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Можеш ли ти Силвија да го средиш животот на мојот син?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И дека Јехуда, онака молчлив, трпелив, тивок и сочувствен веќе длабоко зацапа во четвртата деценија од животот и дека, заборавен во дуќанчето и наведнат над старата „сингерица”, полека но сигурно станува жртва на сите нивни згрешени судбини и закоравени заблуди.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
" Перо стана и пак зацапа во водата, клекна пред неа ладејќи ги рацете во водата.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Според се уште важечките правила на вљубените тие се држат за раце и зацапуваат во нивните лични води на секојдневието.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Изгледа тогаш Трајчеица сѐ уште не беше зацапана во генералот, или уште беше загрижена за чистотата на своето име во идната живеачка како вдовица, па не сакаше да дава поводи за озборувања и други какви било приказни.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мислам дека тој веруваше оти ако зацапа во матната река на вистината дека ќе мора да се симне од својот коњ, дека ќе престане да го јава по оние далечини и пространства од кои ретко се враќаше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Не скршнувај од асфалтот, можеш да зацапаш во локвата“, е еден од честите другарски совети на мојот пријател.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)