— Ќе ти го распарам мевот, вели, и живо куче ќе ти зашијам во него.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги качија, значи, на железничката станица во задушливото купе од трета класа, да не свртуваат премногу внимание врз себе, и ги испратија кај вујко им со двајца непознати трговци, негови пријатели и со по десет златници што Моше дома им ги заши во поставите на нивните нови палтенца, грижно кроејќи го да не се познава и зацврстувајќи го со посилен штеп поработ што прецизно го испланира.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)