заѕвони (гл.) - телефон (имн.)

Секако, потоа ќе заѕвонеше телефонот или искрснеше некоја итна и неодложна работа, која редовно ме спречуваше во моите намери, но за нивна среќа, а можеби и моја, оти инаку не знам што сѐ можеше да се случи со мојата, веќе до влакно, истенчена толеранција...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но бев сосема шокиран кога еден ден заѕвони телефонот и јас го слушнав гласот на мајката на Луција: „Добар ден; ве молам, господинот Јан Лудвик, ако сакате?“ „Да“, реков, „повелете, госпоѓо“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во доцните часови заѕвони телефонот. Изостреното претчувство ѝ кажуваше дека ваков абер толку доцна не доаѓа за арно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Заѕвони телефон, еден од трите негови на масата, па, нели политичар, бизнисмен, ДРОБАЧ, судија, менаџер и што уште ли не.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога имаше седум години заѕвони телефонот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Петер Иваз го забележа мојот немир, ја зеде фасциклата со телеграми и веднаш замина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Заѕвони телефонот. Го познав вознемирениот глас на сопругата Гзиме: - Дојди веднаш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште со неставен залак в уста, заѕвони телефонот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И тогаш, додека симињав работи одозгора, заѕвони телефонот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тогаш на Бадник 68. заѕвони телефонот и јас се јавив и потполно се наежив кога го слушнав нејзиниот глас.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тивко заѕвони телефонот во блиската куќарка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во уште една куќарка, малку подалеку, повторно заѕвони телефон како некој да знаеше дека тој ќе мине покрај неа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Додека ја чекав да се врати (беше накусо излезена да купи нешто во комшивскиот маркет), заѕвони телефонот: Ало?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Брзината е сосема пристојна, сѐ додека не ѝ заѕвони телефонот на бирото. – Ало? – се слуша нејзиниот необично гласен сопран.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во таа мрачна долгнавеста валкана барака, „бившоста“ беше очигледна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Умре на педесет и четири. Последните години повеќе разговараше и патуваше отколку што пишуваше.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Потоп. Во него очигледно има повеќе од една личност: (А) насликувајќи ја сликата ѝ го дава името Знаме. (Б) на извајаната скулптура ѝ го дава името Насликана бронза. (В) не се занимава ниту со структура ниту со скулптура (Јубилеј)
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога и да заѕвони телефонот, било да спие или да е буден, тој никогаш не се двоуми дали да одговори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Враќајќи се во првобитната положба, не смеејќи се, помирливо и без срам рече: И јас имав незгоди; изгледаше дека тоа би можело да биде чекор назад.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Помина уште еден час и да не заѕвонеше телефонот Ѕ ќе се загрижеше најмногу на цел свет!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во Четирок, во шаторот на командантот на артилериските батерии остро заѕвони телефонот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во командниот пункт на Третата дивизија што пред малку е поставен на ритчето над селото Попли, остро заѕвони телефонот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе заѕвони телефонот и тогаш се одвива современ разговор наместо овој посебен начин на подготвување на предавањето).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Еднаш, кога заѕвони телефонот, баба ми ја крена слушалката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во тие моменти постојано страхувам да не заѕвони телефонот, или пак некој да не ни дојде на гости и да нѐ прекине во разговорот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Токму тогаш заѕвони телефонот и се јави татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тогаш, неочекувано, заѕвони телефонот во хотелската соба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во тој момент ми заѕвони телефонот. Му се јавив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)