Им предложи да ја зголемат својата вооружена одбранбена дружина од триесет на сто земски сејмени. А која ќе стане нужда, сите да трчаат со оружје в рака и да ја бранат својата слобода.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така Толе ја зголеми својата арамиска чета уште со еден другар.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Преку дедот Паленѕа го најде Мачникот; од него разбра дека и Андон е таму и yште на другата вечер тој ја зголеми својата чета уште со еден другар.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И Бојко ги имаше сите оние својства, и душевни и физички, за на сила да одговори со сила. И тргна да комитува.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Купата повторно се враќа на критичката состојба. okno.mk 89 Песочната купа ја зголемува својата сложеност во текот на растењето од подкритичната состојба или фазата на подреденост и се урива ако биде поставена во надкритична состојба или во случајна фаза.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)