Понекогаш ја сонува како му шепоти на увото тивко, нежно, мило, возбудливо, исто онака како што му зборуваше во Прага, а понекогаш гласот го здружуваше со здебелениот глас на Стела, но не му шепотат, ами му пеат тажни песни облечени во црно како калуѓерки; му пеат како на гроб, како да му дошле на погреб.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Да ја избегнат смртта, тие се здружуваат со злочинецот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Со трчање се упативме кон „Жандармерискана“, што се наоѓа онаму, на она место каде што патот од селово се здружува со џадето.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ама јас нејќам. Нејќам да се одвојам од другарите и да се здружувам со нови другари.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)