Се смрачило и си го зеле мажот и жената Силјана, та си го однесле дома.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Зедоа мажите по еден в среде и, влечка, ги донесоа дома.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зарем не се знае дека не се зедоа маж и жена, туку две жени...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ај што го смета татко ми, демек дедо ѝ, за будала; ама и мене, што сум зела маж генерал без војска, нареден со ордени на градите и со прави бразди на мозокот, кого ако го прашаш за Крива Паланка ќе ти го покрие со палецот цело Мариово, а кога ќе му го побараш Мртво Море од Арабискиот Полуостров ќе направи мрвка за под ноктот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)