знае (гл.) - ние (зам.)

И додавајќи дека сето тоа било точно запишано, точно како што се еден и еден два, во тефтерот Акиноски, кој тој лично не го видел но од друга слушал дека постоел, вели Шоона, не знаеле ли старите наши како што знаеме ние денешниве, кога се збратимувале да со едните де со другите, дека ако ти го извади брат окото, има да ги го извади најдлабоко што може да биде?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ама ако не кажите, жими вера, сите ќе избесам тука на јаболкницата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аир ефендум, откај знаеме ние кој го направи, — во еден глас одговорија осумте души одборници на чело со коџабашијата Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Трајко стана и почна да се правда: — Аир ефендум, шо е тој лав шо ми го велиш?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислиш ти не знаеме ние оти ќе кревате ѓурунтија овие дни?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Знаеме ние многу арно што сакаат тие!”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Жена му на Танаил гледајќи ја од чардакот на куќата, велеше: - Ха, ја намачкала со крв од заклан петел... Зарем не знаеме ние како се прави тоа...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од кога се знаеме ние?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
А — пак ти „Будалине“! А сите сме навикнале да те викаме Коте. Од каде да знаеме ние што мислиш!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Знаеме ние кои сме и што сме подобро од тебе. Не можеш ништо ново да ни откриеш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не знаеме ние, ние сме прости, пуштете нѐ нас, оставете нѐ нас на мира, ние во ништо не се разбираме, ние во ништо не се мешаме. Како живина?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ги знаеме ние нив.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Што знаеме ние тука? Ништо, Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо молчи, влече од цигарата, погледнува високо во небото, свртува глава кон планината, над која бледо свети кривиот рог на месечината.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знаеме ние дека мајка ми и татко ми неизоставно ќе дојдат да нѐ бакнат пред спиење, заедно со нив ќе ја отпееме нашата „химна“ пред заспивање: „Ние сме мали дечиња, играме како мечиња“, и ќе се смееме потоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ти си кукавица, мајкин сине – велат големите деца. – Те знаеме ние тебе. - Не сум кукавица. Ќе видите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Таква ја знаевме ние историјата за нашето заминување, за разделбата со нашите блиски, откако татковиот побратим нè пренесе со чунот во новата земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А зар останало нешто што го знаевме ние, децата, а не го знаеше Татко, од Мајкината „италијанска врска”?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Ако не знаеш ти и господ не знае, му велам јас оти господ знае за нас само колку што знаеме ние за него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)