Ах, вие не ми ја знаете маката, за тоа така зборувате.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
А Марко, баш затоа што ја знаеше маката на Мехмед-паша, божем му ги чита мислите, рече сега:
„Слушам, светол пашо, откога ќе се одмориш од бојот, си наумил да вршиш некои поправки во Исхак-беговата џамија?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ех, море, никој не сака да ми ја знае маката.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)