игра (гл.) - карта (имн.)

Како, божем, ќе сме оделе во станот на момчето да играме карти и да јадеме сендвичи и пици.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
1. На наша стара Нова година, што ја велиме ние, татко беше играл карти и сето време губел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе можете да си слушате радио или да играте карти во ресторанот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа беше случајно. Ме опијанија пријателите. Игравме карти цела ноќ. Пред зори испив литар ракија.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
(Во кафеаната влегува Ангеле. Пауза. Остоиќ и Велков седнуваат. Продолжуваат да играат карти.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Јас ги посматрав, не од друго туку од што немав друго да гледам, за да ме заинтересира нивната здушност на наведнати рамена и приближени глави (така не се игра карти), како во заговор што не може да се слушне, но не може и да се скрие од туѓо око.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Би можела да заминам препуштајќи им на своите коски да играат карти, да ги плескаат децата по газот...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога низ Виена забрмчеа првите автомобили, на брат ми, кој одбиваше да научи да вози, му рече полу во шега, полу – сериозно: „Мој златен Зиги, купи ми автомобил, јас ќе научам да возам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пред тоа чекореше како млада жена, одеше секој ден кај пријателките (од некои од нив беше постара половина век) да играат карти, еднаш неделно одеше во кино, и не пропушташе ниту една театарска премиера.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тие гнезда спиевме, јадевме и, навечер, игравме карти, кога не пеевме во хор за илузиите и за победите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Маса Раце потпрени на лакти играат карти.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
„Ќе одат на некоја претстава, ќе слушаат радио, ќе гледаат телевизија, ќе играат карти, ќе ги стават децата в кревет, и самите ќе заминат да спијат, како и секогаш.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Француските учители многу добро прават што своите воспитаници ги учат да играат карти, јас не би им советувал на родителите да примаат било каков учител, кој нема да ги знае игрите со карти што се во оптек.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Навистина, треба со право да се сомневаме дека пред измислувањето на картите, постоеле било какви собири.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А офицерите само играат карти, слушаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Офицерите само пијат и играат карти. Некој се толку пијани, што под стража водат соиграчи за карти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)