Мислам, тоа беше првпат да се најдам во ситуација во која знаев дека сум во право а ете, моите аргументи, колку и да беа разумни, колку и да беа исполнети со сите оние додавки што го осмислуваат животот, како што се моралноста, правдољубивоста, коректноста, дружељубието, и многу други, во случајот кога ја играв партијава шах со пријателот Господ Саздов звучеа шупливо, како да се изговорени од исушени лисја паднати одамна на земјата, и тоа изговорени од нив додека биле во состојба на умирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А таму, зад темнината во моите очи, Господ со гласот на исушените лисја продолжуваше да размислува: - Замисли си што ќе се случеше некој од командантите да се впуштеше да им го опишува на другарите сѐ она што се случуваше она пладне, а во тој исцрпен опис да нѐ спомнеше и нас двајцата како сеирџии.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Обраќајќи му се на читателот под око, со чудесен шарм, но без нималку намерна иронија, раскажувачот вака си спомнува: „Водевме љубов неколкупати, изменувајќи се како да сме на позиција палкар, како да игравме партија во која прво ќе одиграше и ќе љубеше тој, а потоа јас“.71
Аналогијата од бејзболот не беше сосема случајна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)