- Третата група баталјони со Главниот Штаб на НОВ и ПО на Југославија требало да заминат на 31 јануари од с. Зборско со задача да ја преминат реката Вардар, да се пробијат низ Источна Македонија и да избијат на секторот: Куманово-Крива Паланка-Врање-Црна Трава-Лужница и да се соединат со македонските, јужноморавските и косовските единици.113
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Ако тргне надолу, по патот покрај брегот, набргу ќе избие на границата, а не беше особено страден по средби со властите и нивните органи, а не гаеше ни тајни копнежи за бегство по Америки; ако појдеше нагоре, над низата викендички меѓу скоквите и желките, отаде голиот рид ќе се изгубеше во фронтовските ровови од Првата светска војна, низ кои уште можеше да се сопнеш од некоја рѓосана граната или барем на закопани чаури, од пушки до топови - за што инаку требаше да си подготвен, а не вака разгаштен за летување.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На Мусли бег и пазувите и папокот му се наполнија со пот; грашки пот му избија на челото, на лицето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Патуваше така Зоки од еден мал град во едно големо село, па покрај една широка река до едно долго море, дојде во една тесна улица, а потоа изби на еден малечок плоштад, па виде една ниска планина и се искачи на една висока рамница, и сѐ така патуваше и патуваше по целиот, по целиот свет...
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Од кај исток се распука модрината на ноќта и небото прво зарудеа во црвени пламења, а после од некаде зад планината изрони и усвитеното коло на сонцето, кога бегалците избија на прашниот белузлав пат што се извиваше како змија по грбот на планината.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)