б) Во делот на материјалната одговорност на работодавачот, симптоматично е тоа што со ЗРО (2005) е избришана експлицитната одредба којашто предвидуваше дека, доколку, во рок од 15 дена од конечноста на одлуката, работодавецот и работникот не се спогодат за надоместок на штетата, којашто му е предизвикана на работникот, тој има право – со тужба, да бара надомест на штетата пред надлежниот суд (чл. 112, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За жал, овој закон не се однесува на работодавачите кај кои повеќе од 51% од средствата се во приватна сопственост. 38 беше избришана експлицитната одредба која нормираше дека платата мора да му биде на располагање на работникот на определениот ден за исплаќање, освен ако страните поинаку не се договориле (чл. 5 од ЗИДЗРО/јан.12); ● беше продолжено времетраењето за кое работодавачот исплаќа надоместок на платата на работникот за работа поради негова болест или повреди од 21 на 30 дена.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Понатаму, симптоматично е тоа што е избришана експлицитната одредба која предвидуваше дека работникот кој засновал работен однос на определено време има исти права и обврски како и работник кој засновал работен однос на неопределено време (чл. 25, ЗРО/03 – Пречистен текст) – што, во праксата, се одрази врз правата на поранешните работници, кога тие ќе останат без работа.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)