Упорно, без трептеж гледа во магливата далнина и неосетливо се губи, ја совладува сон, клепките натежнуваат и некаде длабоко во главата искрат мисли на свеста: една дека мора да е будна, а друга - барем малку да дремне, само толку, колку за да ѝ олесни, да го истера сонот кошмарен и малку да закрепне, малку да спушти клепки дури да изброи до пет, само малку да дремне...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ќе го гушнеше до себе мачорот Сурко и ќе му зборуваше: - Кога ќе пораснам, Сурко, ќе научам да бројам многу, многу, па една вечер ќе ги избројам сите ѕвезди. Ќе ги избројам до една...
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)