избувне (гл.) - пожар (имн.)

Ни недостасуваше само зборот – тоа малечко шкорче од кибрит требаше да се фрли меѓу нас и да избувне пожар. И избувна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да јавиме ако некаде избувне пожар, да јавиме ако се случила сообраќајна несреќа. Но како да јавиме?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Во мојот стан избувнал пожар! - им рече татко му на службениците во одборот и истрча надвор...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Брегот на Профим зарамнет со снег; овошните стебла се оцртуваат на снегот како јагленови рецки исчкртани на хартија; нивните крошни напластени со снег, сосем бледо се уочуваат: кога ќе блесне сонцето, им ја фрла сенката на белината од брегот; куќата на Профим личи на некој замок скриен меѓу два снега: еден што напаѓал одозгора, друг што пораснал одоздола; прозорците, отсечени, со една кривулеста снежна линија, одвреме навреме пламнуваат на сонцето како одвнатре да избувнува пожар; од оџакот се исукува тенок чад кој се шири и се распаѓа како црн туш во вода; ако продолжи вака, ти се чини, ќе го исцрни сето небо; кокошките во дворот се фатени во едно богатство, во една паника, исплашени од секирата на Профим.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А кога навистина една ноќ избувна пожар, тој свика панично: „Пожар!“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во станот ваш избувнал пожар. Да... Детето е само дома...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)