Имено, сега се предвидуваше дека работодавачот мора, во рок од осум дена од денот на склучувањето на договорот за вработување, писмено да го извести кандидатот кој не е избран – дека не е избран, како и тоа кој кандидат е избран.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Позитивно е тоа што дотогашниот рок на работодавачот од 8 дена од денот на склучувањето на договорот за вработување писмено да 24 го извести кандидатот кој не е избран дека не е избран и кој кандидат е избран, се намали на 5 дена, а негативно е што дојде до бришење на експлицитната одредба со која беше утврден рок од 3 дена во кој работодавачот е должен на кандидатот, кој не е избран, да му ги врати сите документи што му ги доставил како доказ за исполнување на бараните услови за вршење на работата (чл. 4 од ЗИДЗРО/ фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)