На празникот (бајрам) на рамазанските пости и на празникот (бајрам) на жртвувањето, султанот имал обичај на корпусот на јаничарите да им подарува баклава.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тестото ќе се извива во безброј нови облици, ќе доминира баклавата којашто ќе ги придружува Османлиите во нивните слави и празници, освојувачки походи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
сцената на телевизорот веројатно од некој филм ме воведува во големата празна сала со свеќи- издолжените пламени се извиваат во фигури на вити танчери- сосем близу-
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Надвор, икањето на магарето се извива во врисок на сирените за тревога. Бомбардираат! Демонстрираа!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тајното средиште коешто наизглед сѐ објаснува се извива во набор на делото, инкорпорирајќи некоја надворешна позиција за преку неа да ја расветли целината во која исто така има своја улога.“ (Џ. Калер) Впечатокот на авторефлексивност го создаваат наборите.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Знаев и дека Фискултурецот носел ќулафка во џипот, и дека Луција ме мами; во тој миг, со крајни сили се воздржував да не ѝ ја смачкам главата со остатокот од шишето што ми беше на дофат од раката; се препуштив на играта што таа ја водеше на еден совршен технички начин, како машина; се извивавме во прегратките; во еден миг ѝ го повлеков здолништето, и потем гаќичките, и ја видов: гола, легната пред мене, со затворени очи, сосема совладана; требаше само да легнам врз неа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во градите го притискаше маѓепсната замолченост на сета вештичка шума, а колку се искачуваше погоре, празнината во стомакот почна да му се извива во една тапа болка, која одвреме навреме знаеше да му го згрчи и целото негово тело.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Простете, рекол тој Васко Тушев. - Ќе појдат душите на мртвите по мене, браќа мои ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но и неговата душа се извивала во некаква празнина - тој ќе патува, а кога таа душа ќе отпатува еднаш, ненадејно како и другите души на луѓето од тоа парче на прегазениот Балкан, тој веќе не ќе патува и ќе ги заборави сите патишта на овој свет.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со знамиња. Со тробојката на чело. И со химната Еј, Словени која се извиваше во тишината. А не бевме сите Словени.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога Татко, пред празник, ќе донесеше пиле, таа стануваше рано, убаво ќе го измесеше тестото, па потем го делеше на топчиња кои ги извиваше во една или во повеќе тенки кори.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)