извива (гл.) - и (сврз.)

Сега дури и помалку тонеше во снегот, а во колениците, место сета поранешна болка, сега се извиваше и една пријатна топлина, што се ширеше по сето негово тело и што му ги омекнуваше оловните јазли во секој зглоб.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кафеаната секогаш беше преполна: влетуваа во неа Ѓупките со дајрињата в рака, пееја, се виткаа, ја тресеа снагата; гледаа луѓето ококорени во нив, пуштаа раце кон нив да ги фатат, да ги штипнат, но тие како јагули се извиваа и избегнуваа од дофатите; кога ќе им ги собереа парите на луѓето, излетуваа надвор без поздрав, без збогум; утредента пак влетуваа со тие опојни песни и со тоа лудо тропање со дајрињата што свеста ја земаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја пушташ водата, а тоа цревцето како змија се извива и го бркаш низ бањата, па си принуден млазот да го намалиш на минимум и, по принцип капка по капка, да се тушираш, нормално со придружбата на Мара.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Жолтото јазиче на пламенот се извиваше и бараше излез од стаклото на зачадената ламба.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)