Козичето нè пресретна пред дворот. Зад него одеше татко ми. – Нека ви е со среќа козичево! – ни извика весело татко ми. – Тато купи козле, тато купи козле! – изврекавме сите заедно, да слушнат мајка ми, соседите, другите кози, сето Козар маало, Градот, Партијата, Државата, Балканот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)