Старецот заборавил на едно борово каченце запалена борина, се запалило сувото каченце, од него се запалил сноп жржаница исправена до ѕидот и вивнал пожар во кој дедо Иван нашол толку време колку да ја извлече пушката, две три черги и вреќичето со компири.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Онисифор Мечкојад ја извлекол пушката од сламата и ја подал кон сенката над него. - Земи. И остави ме. Сакам да спијам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неговото шмркање било густо, се мешало со чкртањето на сувите тркала; таквите луѓе му се одмаздуваат на оној што ќе ги навреди кога тој ќе заспие.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)