Сè помалку веруваше дека ќе издржи во таа борба.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
„Многумина дојдоа пред тебе, исто како тебе носејќи го бремето на оружјето и на војната, верувајќи дека само така ќе можат да издржат во ова зло време и дека откако ќе заврши борбата, ќе останат цврсто исправени.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Кога Татко ја откри претпоставената вистина за патот на јагулите и за нивното враќање низ новите генерации, тој добиваше дополнителни сили, од длабината на своето битие, да истрае во големата битка со егзилот, да издржи во минувањето низ сите негови пеколни кругови, во потрага на рајот на враќањето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Колку ли пати си реков на ова патување, кога прв пат во мојот живот толку силни рефлектори беа насочени кон мене, да молчам, да издржам во молчење до крајот на патувањето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сакавте да бидете непоколебливи, препашани со појасот на вистината, облечени со штитникот на праведноста, обуени и подготвени непоколебливо да чекорите, сакавте мир...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се натпреварувавме кој подолго може да издржи во една таква положба со нозете закачени на пајандите, а рацете и главата свртени удолу.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Сѐ повеќе стануваше свесна, дека нема уште долго да издржи во оваа куќа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Не дозволувајте да ве поколебаат, издржете во вербата своја и во страдањата, па и тогаш кога ве навредуваат, кога ве прогонуваат, кога ви го одрекуваат она што е ваше!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)