издржи (гл.) - повеќе (прил.)

Станав прв од свечената маса. Не можев да издржам повеќе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ти, и кога би ме сменил, не би издржал повеќе од половина час да не ја прекршиш стражарската дисциплина и да не се вовреш кај неа, а јас ти веќавам дека, ако ме смениш, немам никаква намера да одам да спијам и да се откажам од мадемов што сум го открил.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кој маж издржа повеќе од нив?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)