Го изела мрачка. Наводно се фрлил од катот и останал на место мртов, а всушност го фрлиле агентите откако претходно го претепале до смрт.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Начул за татко му дека го изела мрачка и се посрал од страв во своите испеглани гаќи, па сега нема три чисти ни да му се огласи по телефон и да му каже едно просто „здраво”, а не пак да се сретне со него и да го погледне в очи - да не помислат овластените дека и тој е замешан во нивниот заговор.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)