Трепериш пред нив од страв а не знаеш дека тие ти се смеат но не сакаат да го покажат тоа бидејќи таквата постапка може да им го измени ликот на поубаво а тие само како грди се почитуваат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Обиди се да ги догледаш. Луѓето можат да бидат попрозначни и од стакло.“ Брат му се исправи висок и сув; суровите брчки под едното око му го изменија ликот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Општата недоумица не е достаточна
да се измени ликот на жената
предизвикот на вратот
„Во извесни случаи архетипот е штетен по...“
или: „Култот е органска материја
не се губи – се преобликува“ и сл.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)