Од секој крај може да се направи
крај на светот, Силјане
затоа описот изопачи го
појди отаде покајаните
до суштата спротивност
види ги оние кои остануваат
во штрковиот јазик
на штрковиот остров
без изгледи за вратка
за чинка
- исчезнатите.
Weltangѕchauung
Не отстапувај!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)