Оти чувствував длабока аналогија меѓу сексот (сѐ уште неостварен со Луција) и политиката; чувствував дека и во љубовта на Луција има дел од таа политика, од стратегиите. И ја одбив.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сите Шатовци имаа дел во неа.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Кога пак ќе земеше Калија, например, да утлеисува, да го разгорува ќумурот во железната утија: или кога ја креваше жешката црепна вадејќи го врз пирустијата табакот со зелник: кога ќе се забревташе толчејќи со ќускијата слануток: или кога ќе се наведнеше полека и растреперено врз ковчегот со невестинската руба во кој сѐ уште имаше дел од чеизот, е тогаш, Бошко гледаше како шафранот од нејзиното лице станува божур, а белузлавите очи како трчаат од далечина и почнуваат да светат како жеравици.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Бидејќи, како што рече американскиот уметник Марта Розлер: “Не може да има делови таму каде што нема целина”. превод: Горан Абов 28 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
„Господару“, реков, „Јас гледам, но не знам како и зошто вие и никој овде не гледа; па еве, во ова парченце има дел од косата на ќерката твоја, како абоносово дрво што е; ова е дел од устата, како калинка што ѝ беше, ова е дел од окото гулабово.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мирче се позамисли на предлогов, но кога Толе му рече дека и тој ќе има дел во парите што ќе се добијат за бравите, си помисли во себе: „Стопанка му.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Секој си имаше дел од таа насмевка, а сите си ја имавме целата. Нашата Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И треба, си реков, во сето ова да има дел од неа, од нејзиниот вкус и од нејзиното благородство.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)