има (гл.) - име (имн.)

Моето богатство има име, тоа сум јас, Божјото во мене.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Здивот воскреснува на небесата, Неколку точки восклик нè бараат нас, бакнеж и музика, името имаше име, името на водата, Божјото име - безгрешие, насмевки, незапирање...
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
А дури и кога би имала име - не се важи тоа, бидејќи нас нѐ нема.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Така новите канцелариски роботи во САД имаат имиња: “Избраник”, “Квачка”, “Дрдорка, “Око”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сите имаат имиња како од некаква криминалистичка оперета, или филмски прекари (Рафал, Џони, Браво, Скот...), го премолчуваат својот идентитет, чекорат по облаци, благо, речиси нежно се лизгаат кон смртта и на крајот себе си го дозволуваат луксузот на кукавичлакот за конечно да фрлат сенка на својот „имиџ“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Зајачето Шарко имаше име што не беше вообичаено за зајаците, но кожувчето толку му беше шарено, па само тоа име му прилегаше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Секоја од нив има име, лик, свој посебен карактер и прилично возбудлив живот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Јас знаев дека тоа ќе оди мачно и со буна во народот, оти сега светот, со новото писмо изгледаше мал, стеснет и премногу едноставен: ниедно нешто за кое немаше слика во писмото на Стефан Писмородецот – не постоеше веќе, тие нештата постојат само доколку имаат име за да можеме да ги именуваме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секој жив има име.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пусто суеверие, немаше порационално објаснување зошто моите братучеди ги имаат имињата од нивните чичковци (моите вујковци) по обратен редослед... на крајот на краиштата, и не е важно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ова е Хаба (Gabber), откритие што Холанѓаните го сметат за свое, се зборува дека движењето почнало во Амстердам и се раширило на југ во индустриските делови на пристаништето Ротердам, каде што дури станало потврдо (секогаш постоело ривалство меѓу двата града).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ди-џеите имаат имиња како Гизмо, Уиарду, Даркрејвер. . .
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И идеше кутрата, како последна старица, само таа останата од таа генерација, на нашата страна од границата, на умирачки.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Фатмира (Добра среќа), имаше име кое не одговараше на нејзината судбина...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И дали тоа имаше име?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бев загледан во нејзиниот палец кога ме запраша, без да го крене погледот, дали мојот познајник имал име и презиме. - Денко Самоников - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- И јас имам познати кои умираат, и тоа не еден - рече Катерина средувајќи ги ноктите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Добриот кмет” или „вазал” беа покорни.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секој генски пул има име за оваа древна состојба на сигурност: „Еденска градина”, „Атлантида”, „Рај”, „Дом” итн. Во текот на племенскиот, феудален и индустриски период на човечката еволуција, логичните обележја за преживување беа ускладеноста и зависноста.. 96 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
По неколку минути кружење со обрачот околу половината, соговорникот ќе се сетеше дека таа има име слично на кругот – О.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се накашла, а потоа сериозно и со свечен глас рече: - Значи, другари, ред е и нашава дружина да има име. - Ура! Иху! - загрмевме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Неговата болка беше безимена: иако беше постојано присутна и постојано со него, тој ја беше заборавил, и неговиот поглед кој луташе некаде настрана од луѓето кои стоеја покрај него, некаде во празното, како да ја бараше таа болка, таа болка која ја бараа и неговите родители, со помош на докторите, надевајќи се дека ќе го излечат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мојата болка имаше име; мојата болка која беше сочувана во моите први сеќавања, на која се надоврзаа сите подоцнежни болки, го имаше името на мојата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Подобро да си остане Јагулче, си размислуваше, отколку да има име на друг, а тој со променлива судбина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)