Нема сонце, има месечина, Нема близу, има далечина, Може било, може се присторило?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Да има месечина, ни една од нив не би се гледала.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Уште од нејзината прва недела во санаториумот, ноќната болничарка без заобиколувања ѝ предложи да спие со неа во стражарската соба.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Денес има месечина и ќе биде многу ефектно.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Беше лето и имаше месечина, пиевме лимонада држејќи ги студените чаши во рацете, а Тате го читаше стерео-весникот вметнат во особена шапка што ја ставате на глава и која ги врти микроскопските страници низ зголемувачкото стакло штом трипати едноподруго ќе трепнете.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Со длабок и јасен глас, нејзината сосетка ѝ одговори: – Во најдлабоката бездна на пеколот. – Велат дека ова е земјата Маура – рече некој друг, далечен глас, кој одѕвонуваше низ спалната. – И навистина, тоа е точно, зашто летно време, кога има месечина, се слуша како кучињата му лаат на морето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Секое време си има месечина со облик на срп како што си има и спотнати грла кои наутро викаат ли викаат: старо купувам, старо купуваааам!
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)