Има надеш, белки ќе си најде чаре, ќе прибере живот, токо еве — ве, јас ваа кошула а носи една родина здрава, а три како а носа крпена.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа опустошување има смисла ако се има надеж за успех.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Знаете ли што мислат тие што се за понатамошно спротивставување? – Едно, имаат надеж за замешување на силите; друго, се надеваат на конференција, и трето, велат дека ако не биде ни едното ни другото, тогаш ќе направат Турција економски да пропадне со долгото одржување голема војска.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во што да верува и во што да има надеж?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ако воопшто има надеж, таа е во проловите!
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
VII Винстон запиша: „Ако воопшто има надеж, таа е во проловите“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Постојано стравуваше во тие времиња да не му ја откријат и уништат библиотеката, најсилната тврдина на мистериите на тишината, во која посебно место имаше надежта.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Горе наведената сентенца на Вуди Ален, индиректно не учи дека има надеж за оние кои живеат, условно речено, во темнина.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Одаите се одглас на шума со таен лаеж Имаат раце и нозе, имаат надеж.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Затоа пак светот женски крај огништето, павта и везден ја разгорува силата на жарот што тлее, оти огинот сам пат си отвора: додека сѐ пепел да се стори, за жената има надеж.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Пол сепак има надеж: „Дали ќе ме сакаш некогаш?“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Само ако ја напуштат оваа темна куќа, ќе има надеж за нив.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Британците биле свесни дека советскиот експанзионизам, започнат во годините пред почеткот на Втората светска војна со потпишувањето на договорот меѓу нацистичка Германија и СССР, ќе продолжи со ставање под своја контрола на балканските држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Британскиот политички естаблишмент сепак имал надеж дека ќе може политички да се спротивстави на советската експанзија на Балканот и да ги заштити британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
- Бабо мила, има надеж за враќање.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Комбинацијата од женствена гламурозност и абјектност што геј-мажите ја усвојуваат преку идентификација и присвојување – со други зборови, преку дрегот или преку култот кон Џоан Крафорд – на геј-мажите им овозможува положба што инаку би им било тешко да ја заземат со сопствениот лик, барем сѐ додека опстојуваат на мажествен родов идентитет: односно, тоа е положба што истовремено е и достоинствена и деградирана, и сериозна и несериозна, и трагична и смешна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто тоа е единствената положба за која има надеж дека, според поимите на вредносниот систем на машката геј-култура, може да биде унитарна и целосна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не само што не успеа да го види во турканицата Кутрата, уште има надеж дека е во некој друг вагон! туку не ни помисли да прашува за него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
А боите меки, нежни, влажни во првата вечерна роса, не те одвлекуваат од свеста дека во животот сепак има надежи и дека борбата е неизбежна само заради животот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ако речеш падна, тоа ти е како да има надеж дека ќе стани...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ако речеш отиде, тоа ти е како да има надеж дека ќе се врати...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тој уште имаше надеж.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ако има врска со засолништа, ако не е докрај умртвен, тогаш Чанга и козите се сигурно живи... – Значи, има надеж... – го прекина најстариот брат, повеќе за себе.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мора да биде пренесена итно во болница! – Дали има надеж да издржи, да оздраве, да стане? – го прашав, со солзи во очите, загрижениот постар брат. – Сè што може медицината за да се спаси, ќе биде направено!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)