А кајшто има океан има и бранови за многу напатени души кои жедни ја препливале големата вода и кои во кандилца си ги вардат коралните фитили барем додека одгатнат дали океанот има корени и дали во брановите има кирилични офкања.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
А таму имало океан... - ... огромен океан, Индискиот... - ... и прекрасни песочни плажи... – дополнив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Знам дека знаете дека кајшто има океан има и многу песок, но сте ја чуле ли приказната за принцезата на зрно песок и сте се прашале ли некогаш колку татковини собира во едно обично зрно песок?
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
- Со големи бранови – се насмеа тој – а тебе ти беше криво што тие се капеле, а ти не? - Да, по малку.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)