има (гл.) - план (имн.)

Тој веројатно си имаше планови и во врска со моите студии, но никогаш не ги искажа ниту пак ги навести.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Потоа му вели на Васила Митрески Донеси четири помали камења и додека Васил оди да донесе камења, тој на другите, покажувајќи им ја тутурката, им вели Ова е планот на работите што сакаме да ги соѕидаме и вели Божем затоа досега не сме можеле да добиеме одобрение за ѕидање, оти не сме имале план.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Остануваше проблемот за зграда. Но и за тоа протиница имаше план.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Разграноците на оваа технологија, како што е Валдерновата авантуристичка игра, не треба да ни го одвлекуваат вниманието од тековните примени во молекуларната биологија (скратување на молекули со помош на вид и допир, во воздухопловната симулација, медицинскиот тренинг, архитектурата, индустрискиот дизајн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Боинг има план да проектира контролор на лет во виртуелен простор, така што контролорот плови илјадници метри над аеродромот, гледајќи со непопречен поглед во која било насока (додека всушност седи на земјата хранејќи се со правовремени визуелни податоци од сателит и повеќекратни глетки од камери).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Он тебе носи дома и нас кажа, ова моја жена Ние имаше план прави голема свадба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Рече дека има план ливчињата да се сохранат на тајно место, место толку тајно што да биде сосем видливо, оти луѓето подобни за лоши дела, крадците и убијците, знаат дека законот секогаш ги бара украдените работи далеку од окото и од местото каде се украдени; затоа, најдобро е тие да се скријат на највидно место, оти таму никој не го бара пленот на крадците!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нашинци, селани, Турци и Арбанаси, а најмногу Власи, па и по некој дубровчанец во таа нивна китнеста одора, туку влегуваа и излегуваа од опулот на Петре: големите зулуфи им стрчеа како сабји, долгите косишта им правеа цели кошари на главите, и тие намќоресто се пазареа гледајќи го него, не грнците и вината, така што можеше лесно да му се збоктиса - ама нели си имаше план Петре, сè беше готов да издржи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Двете сестри имаа план кога и каде ќе се најдат повторно, за да се вратат дома двете заедно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
ПАНАЈОТИС: Што ми вреди што ми кажувате дека има планови, а не знаете какви точно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Една вечер кога ме молеше да ѝ ја читам книгата „Дедовата нараквица“, а јас имав план да си поиграм со пластичните војници, се обидов да се спасам од нејзините здодевни молби токму со употребата на тој магичен збор.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Штом не нѐ пуштаат слободно да заминеме од земјава, тоа значи дека имаат план за нас,“ рече Паулина. Јас молчев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сонцето веќе одамна беше зајдено - смирена есенска квечерина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Полека одевме накај дома, мислиш смирени како квечерината, ама нешто клука во нас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Имам план! Бомба акција! “ викна Љупчо, удирајќи го Дејко по рамото.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Стрико ми Ото – претпоставувам дека беше совршено среќен додека иташе по скалите – потоа ќе влезеше во најблиската кафеана за да размисли за своите планови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секогаш имаше планови, непогрешливи планови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)