Детето дошепнува: - Ама тој имаше пријатели. - Молам? - Пријатели. Врсници.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Патрицијот имаше пријатели низ целото царство, и надвор од него – во Новгород, Стефан и Зосима ѓаконот, во Венеција браќата Винченцо и Паоло Пеголоти, чие гостопримство обилно им го возвраќаше кога тие го посетуваа во неговиот дом.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Убава, имав приатели, ја имав сестра ми и нејзиното семејство, патувања, дружења, вечната тага по изгубеното блиско суштество, спомените од деновите поминати во Париз...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Најмногу имаше пријатели со кои Татко се сврза преку книгите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мојот брат Марк имаше пријатели кои имаа тајно клупче на таванот на нивната гаража и единствениот начин да се стигне таму беше преку дрвените скали на ѕидот, ползејќи преку една тесна штица.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Тоа би сакала да го научам... Сакам непристојности, особено онаа бидејќи имам пријател со тоа име кого уживам да го зафркавам зошто чезнее да ми посака ама не може да се осмели“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
За време на социјализмот и Златен Тито, да имаш пријател во маалското продавниче беше исто како денес Бранко Црвенковски да ти е втор братучед.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
„Аферим,“ рече тој и за грозјето, и за речта. Во мене имате пријател. Ибн Тајко го знае тоа веќе многу добро.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Имав пријателка чиј маж се беше убил.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Како да ги прочита мислите на Беренц, митрополитот стана, отиде до прозорецот, ведро му мавна некому оттаму и спокојно додаде: „Мислам дека враќањето од интернацијата им го должам на тие влијателни пријатели”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Блефира ли, или вистина има пријатели на високи позиции.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Имам пријатели што идат кога сум сам и глуво легло на неизвесноста вијам.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Имам пријатели, но само еден така и радост носи и светла човечка мака.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
На Зоки му се чини дека тој сфатил оти и овде има пријатели.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Тогаш виде колку пари чини да имаш пријател.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Имав пријателка која не само што се жалеше туку беше и уверерна дека има издолжено лице, и тоа само затоа зашто огледалото го издолжувало.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Имаше пријатели на другиот брег, и меѓу рисјаните и меѓу муслиманите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)