Задниот дел од поткровјето постепено стануваше Билиева област. (Били беше еден од првите Фектори- момци).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ми беше мило што Кенеди беше претседател; беше симпатичен, млад, паметен - но не ми значеше многу што е мртов.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Она што навистина ми пречеше се телевизијата и радиото кои ги програмираа луѓето да бидат тажни. (...) Неколку месеци подоцна дознав дека зградата на компанијата за куки и јажиња ќе биде раселена, па затоа во ноември најдов друго поткровје каде Џерард и јас ја пренесовме целата опрема - платното, боите, четките, ситата, работните плочи, радиото, крпите, сѐ - во новиот простор кој наскоро ќе стане Фектори. (...) Фектори беше голема околу 20х30 метри и имаше прозорци свртени кон југ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
В десно, кон улицата, имаше прозорче.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Онде сега кајшто лебди птицана во воздухон Ќе има прозорец И квечерина кога ќе надминеш тука Девојка ќе го отвори прозорецот Да те слуша како потпевнуваш: Ноќеска во твојата постела Бевме троја: Ти јас месечината...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Кога ќе ја отвори вратата, му се отвора јужната страна и еден дел од брегот на езерото што од неговата куќа продолжува натаму да сe исукува како воден конец; сонцето постојано му е на вратата, и штом ќе ја отвори, тоа му влетува внатре; на задната страна, кон селскиот сокак, на куќата има прозорче, мазгалка, и низ неа протинаше пушка.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Предниот дел од куќата го заплискува езерото, дупи водата на него настојувајќи да го пробие; по ѕидот се оцртуваат темни валкани линии, 'рѓи, останати од езерото кога надојдувало и се качувало нагоре; долниот кат е влажен и во него не се живее; на горниот кат има прозорец што гледа право во езерото; во дворот, што се шири во задниот и јужниот дел од куќата, има бунар чијашто вода доаѓа од езерото низ песочните жилички и која постојано стои на нивото на езерото: кога тоа се повлекува, и бунарот се суши; од бунарот се црпи вода само кога езерото е матно, кога дува југот, и кога од него не може да се пие вода; во куќата се влегува од надворешните скали залепени до ѕидот и заштитени со дрвени пармаци; скалите завршуваат на долгиот чардак од кој се влегува во двете одаи; секоја има јужен прозорец кој гледа во дел од селото и во планинската шума што се протега сè до албанската граница.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Патем се договорија да ги чуваат во Петровата визба, зашто таа има прозорец и не е мемлива како на Мише.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
„Ама зар таков недругар ме сметаш!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Го донесов кај тебе оти нашата визба е темна.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Вашата е поголема и има прозорец. Па мислам, би било добро...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)