Тој имаше репутација на храбар, интелегентен, добар оратор и голем организатор.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Сојузниот секретар, кој ја имаше репутацијата на кариерен дипломат, како некогашен учесник во партизанското движење во дипломатијата всушност дојде од ЈНА, во униформа и тука остана до крајот на својата функција, која коинцидираше и со крајот на Југославија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Македонија беше застапувана во дипломатијата со своите десет проценти! И јас бев меѓу нив... Еден процент...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)