Тој има талент на вродена авторитарност (пак типично за еден балкански лидер, т.е. како што велите вие, господине Бузони - „гуру“) која просто се наметнува, особено кон адолесцентите, но богами и кон алтернативните интелектуалци, пософистицираните бирократи, па дури и кај бунтовните пензионери. Тоа е еден пример.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Со цигарче во уста, кое како да не се смалува, и до колена во езерото, Мики, упорниот рибар, со блинкер фаќа мренки и кркушки, запечени пастрмки.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сигурен сум дека еснафлиите знаејќи кој од нив е до каде во занаетот, кој е вистинскиот мајстор, кој е кандидат за мајстор, кој е сè уште калфа, а кој од чираците има талент бргу да напредува.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)