има (гл.) - ваков (прид.)

Во централното македонско наречје, меѓу другото, се имаат вакви фонетски особини: старомакедонските гласови ъ и ь, во оние места каде што се имаат зачувано, преминуваат во о и е, на пр., денот од старомакедонското дьньтъ преку дьнът; сонот од сънътъ; наместо старото тј и дј имаме ќ и ѓ или јќ и јѓ, на пр., врејќа и туѓа135; наместо нј имаме јњ, на пр., којњ наместо конј, наместо ? - а, на пр., рака и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И главната улица има вакви гостилници и по сè личи дека пачата е солунски специјалитет, зашто, велат, не се приготвува во други градови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На сето тоа јас си велам: Не сум знаел дека животот има вакви визби.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
ТЕМЈАНА: Кога си имал ваква намера, зошто си се женел?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Грот: Кои други цртачи според тебе го имаат ваквиот аристотеловски став. !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Гронинг: Како може некој кој некогаш купил примерок на „Zap” сосема да заборави на таа ера во својотот живот?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неговите први зборови кога ни пиша мејл од САД беа: „Ни во сон не сум можел да помислам дека има вакво училиште, прекрасно е“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ние седиме и ја гледаме - не ни се верува дека тој труд, тоа читање, измачувањето низ кое поминуваше ќе има ваков епилог.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Луѓе има вакви и онакви, па и меѓу птичешките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Рече дека е мошне задоволен што има ваков мирен сосед - потоа испитувачки го гледаше со своите итро мижливи очи, очекувајќи што ќе му рече Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Колку би сакал да имам ваков другар.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По долго натегање, посмото со искинти и невешто искрпени реченици имаше ваква содржина: Ангелијо јас сум добро и здрав сум сполја на бога живеам убаво и ти не грижи се за мене само те молам дај му на малиов ако имаш некоја паричка да ми купи леб и тутун а ако немаш остави јас пак ќе сум ти благодарен.“
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Веднаш зажалив што поставив такво прашање и воопшто што моите две тетки треба да имаат вакви незгодни средби само поради мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Говедо... говедо... - шепкаше тетка ми клечејќи на колена врз мокриот теписон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ништо особено: искршен беше, сплескан одпреди и во опашката, а отстрана, пред влезот, имаше ваков крст, како овој на ѕидов ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ако пак нешто има вакво, јави ни преку Самарчето! Твој Планински.“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Еве го моето зајаче!“ Сите деца ќе сакаат да си имаат вакво зајаче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ох, и јас би сакал да имам ваков змеј! Каде, каде сте го купиле!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ако беше исто, вели, требаше и таму да има вакви несреќи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Илко му кажа дека и другпат имал ваква треска во Александрија, потоа и во Калкута каде што му било најтешко - ќе умрел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Докторот Татули вели дека многу луѓе имаат ваква појава, на некои им се случува и дење, будни а да чекорат занесено, замислено, прават движења и работи кои не им доаѓа од свеста, туку така механички: гледаат, и не виѓаат, слушаат, а не сфаќаат, отсутни се - сѐ дур некој не им свика или не ги сниша за рака и не ги оттргне од таа занесеност...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)