Тие, како добрите, сигурно, по сите битки и дуели, ја добиваа војната и ги врзуваа лошите Команчи за столбовите на срамот, односно за вратите од оној камион во бившата гаража на „Бетон“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Кога ме прибра на стан тој имаше железен кревет на десната страна одвоен од другиот дел со параван од хартија за завиткување, најверојатно во неколку пластови.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Зад последниот зафатен шалтер, број 18, отспротива од нервозната седумка, згодна блондика со расеано презрив израз на лицето им ги поттурнува билетите на испотените патници, иако меѓу нив да има железна а не стаклена преграда.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тој работеше во Белимбегово и живееше во едно сопче 3 на 2,5 метри, имаше железен кревет, две ќебиња, малечко шпоренце, маса од не рендани штици и едно столче.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)