има (гл.) - закачен (прид.)

Но во 1948 година, СССР раскина со Југославија, остана само сликата на Тито.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На ова место во годините на сталинизмот, за секој случај, ја имаше закачено сликата на Сталин покрај Тито.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На вратата на секоја од нив имаше закачена табла со име.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Томаица се облече целата во бело, со еден бежов жакет одозгора, на кој имаше закачено брош со охридски бисер, бежови ракавици, мала чантичка и чевлички на малку повисока потпетица.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Храбар е, од ништо и никого нема страв, а пиштол носи во секое време, уште што не спие со него, секогаш го има закачено на панталоните одзади.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Има обичај полушеговито да рече дека оној што ќе му се испречи на патот ќе „носи дупка на челото”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Леонид Викторович зборуваше за драмите, дека ако во првото дејствие има закачено на ѕидот пушка, тогаш во последното таа треба да изневери, да не испали.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во стеблото пред себе виде едно место, каде што имаше закачено забот од самјакот; беше како делнато со секира и од него почнуваше да се лишти и од воздухот попроѕирна густа капка смола.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А да беше ти некој убав... досега ќе ти имаа закачено некоја питулица!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)