Стојан, кој сѐ уште има отворена и загноена рана, со дланката го трие образот што вчера му побеле од студ. Секогаш е гладен.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А куклата не можеше да спие, зашто секогаш имаше огворени очи, па го долепи своето устиче до увото на Снежана и почна тивко, шегнешкум да ѝ раскажува за чудното, полноќно патување.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Наспроти скржавиот Куман, чии јавачки гени се задржаа само во грабежлукот, приземен во ковчегот преполн златници, со три катници заклучен, со три синџири закотвен под железната постела, Ѓорѓи постојано имаше отворени прозорци, преполна трпеза и насмеана рака.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Проблемот е во тоа што она што е навистина старомодно не се геј-баровите и геј-бањите, не се ниту заедниците што тие ги создаваат, ниту сликите од Дејвид Хокни со момчиња што скокаат в базен, ниту романите за машкиот геј-живот од Ендру Холеран и од Едмунд Вајт – колку и да е сето тоа старомодно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Долго пред да има отворена, експлицитна машка геј-култура, со сопствена „идентитетска уметност“, веќе си имало машка геј-културна практика што се состоела од присвојување, декодирање, прекодирање и настранување ликови како Џуди Гарланд и Џоан Крафорд, која наоѓала хомосексуално значење во романите на Херман Мелвил и која ги пригрнувала сеженските мелодрами како Жените и Сексот и градот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога лобираат да се сфати колку „навистина настрани“ знаат да бидат некои културни икони што не се бележат како „отворено геј“, текстописците на ТОНИ покажуваат – не сакајќи, и покрај нивната увереност дека се креатори на трендовите – баш колку им е архаичен моделот на геј- културата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако не, „што има да се држите за старомодните поимања на барските заедници и идентитетската уметност?“ (16).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Пораката на сите била јасна: тој што го владее Калето, има власт и над душата на градот, имал отворен пат кон северните и кон јужните долини, кон морето...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Напротив, со сите имаше отворени, фер и коректни колегијални односи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, опишувајќи ја атмосферата претходно, т.е. до моментот кога станува директор, таа немаше апсолутно никаков проблем со било кој од вработените и со ниту еден поранешен директор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во Агенцијата каде што работеше, која функционираше како ДООЕЛ, во тој период, работеа 12-13 луѓе како „обезбедувачи“ – сите, освен управителот, со облигационен договор за дело и со статус приправници!?3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А и самиот управител имаше отворен и другарски однос кон сите вработени, што Мушаланов го оценува како доста позитивна работа и наведува дека, доколку управителот професионално и навремено ги плаќаше обврските спрема вработените, самата Агенција можеше да прерасне во модерна компанија. 289
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред започнување на спорот со првичната Агенција за обезбедување и истрага тој околу седум месеци, од февруари 2007 година, работеше како работник за обезбедување – сѐ до критичниот момент на настанување на проблемот, во септември истата година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)