Тој не е донесен за Прочката, која си има поинакви забави, донесен е за Бајрамот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Можеби и поради тоа тој некако му беше слабост на дедо кој што имаше поинаков однос со него и не ја криеше неговата наклоност кон Тома.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
„Потоа, многу кратко, бев жесток атеист, а сега мојата философија има поинаков изглед.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
„Се родив како римо-католик“, вели Фаерабенд.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Животот без тајни имаше поинаков призвук и боја.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Подоцна разбрав дека работите имале поинаков тек.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сфатив дека замката, во која паднавме со Нинослав, ни ја поставил Шефот во соработка со Андон Клековски, Богдан Русимиров и госпоѓа Мариела.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Имаа поинакви грижи. Куќа, семејство...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
И пак без врска, без ред: дали болницата наесен има поинаков мирис, скалпелот поинаков рез?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Јован Стојче-Столетников рече: „Го запаливме Димитар и но арие мртов, сега тој нè пали живи.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Илчо Просинек имаше поинакви сомневања: „Остави ги еднаш мртвите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Носејќи ја сета бучава на својата крв в глава, сличен на подвижна карпа над која господари моќ на несопирлива вода, гледал само пред себе и сепак со секој чекор чиниш барал и каменот да му се истави од пат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Белки мојата Пелагија ќе има поинаков живот, подруга судбина!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На пример, ако готвите добро и слично. DD ПТ: Што мислите за младите уметници во Њујорк кои го користат поп артот за ликовно изразување? DD ЕВ: Доста се добри. DD ПТ: Ситуацијата е иста како и во шеесетите? DD ЕВ: Не, тие имаат поинакви причини за она што го прават.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Имаше поинакви очи од сите деца кои ги бев видела; тоа беа очи кои плачеа навнатре, а солзите паѓаа некаде таму, длабоко во него, и не го носеа она ослободување кое доаѓа по плачењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дотогаш се плашев да им се приближам на другите деца (брат ми Зигмунд за мене никогаш не беше дете), некоја чудна непријатност ме облеваше дури и од присуството на моите сестри, ама уште кога го видов Рајнер, сакав да бидам близу до него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Да не беше судбината на козите, сѐ ќе си имаше поинаков тек.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И тој си имаше поинаква судбина од своите браќа и другите најблиски во поширокото семејство од гратчето крај Езерото. ***
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во другите времиња, кога Татко носеше дома книги за јагулите, па за јаничарите, па за Првата светска војна, таа веќе имаше поинакво мислење за Татковите илузии.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Илегалци, во секој случај, најмалку половината од нив.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Луѓево се бегалци. Тие имаат поинакви стандарди. Тие дури не се ни вакцинирани.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ја посматрав како го става лажичето во вдлабнувањето на порцијата и ја отвора устата за еден убав четвртаст залак на сладолед прелиен со чоколада.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)