Напукнатите филџани врз измрсениот чаршав се вклопуваат во преживеаниот амбиент на кафеаната „Пирин“, и скоро сум задоволен кога Теодора остро ги прекинува моите присеќавања за старото маало: - Имам помала сестра.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Доживувањето поттикнато со дроги може да биде интересно за психологијата и психијатријата и некои сродни науки, бидејќи потекнува од некои длабоки и тешко достапни предели на човековата душа, но има помало значење за уметничкото творештво, кое во својата суштина е спонтан и автентичен, длабоко човечки акт.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Така бојадисани безбели биле и соновите На морнарите од крстарицата Аврора И така бојадисаните сонови најлесно се ределе во матушки Отвори ја најголемата матушка во неа има помала и во помалата помала Сѐ така до помалата од најмалата матушка
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)