има (гл.) - убав (прид.)

Фицџералд има убав расказ за една личност што шета низ градот со пукнатина стара десет години. » Во филозофијата всушност нема простор за расправи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Ни ги испокрадоа шишињата и другите предмети што ги имавме дома, а после ни се фалеа дека имале убави продавници.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Русата коса ѝ беше зачешлана над главата, имаше убава форма, како да не беше составена од прамења, туку како да беше излеана од цврст и светликав метал.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Убаво, убаво ви е овде! - вели најпосле. - Имате убави трендафили.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
На едната нога имаше убава и нова чизма.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Мојот дедо е рибар и има убави чизми.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
-Во секое нешто има убави работи: дури кај лошите птици пердувите се шарено сјајни.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Потоа пак зачекоривме по ходникот назад, па стигнавме до трпезаријата. „Еве овде јадеме.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ова е библиотеката. Гледаш - малечка е, ама има убави книги, и доволни се и за оние што ќе останат овде до крајот на животот.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И најпосле, ако Организацијата и македонската емиграција во Бугарија, особено оној дел од неа што има или државна служба со убави плати или се занимава со журналистика и со тоа има убави доходи и големо влијание на бугарските работи, така што се јавува со кандидатура за министерски места во Бугарија или си има други згодни потфати, -дали, велам, и без помошта на таа наша колонија е возможно некакво особено пројавување на нашата преродба, а имено во таква смисла како што ја спомнав, т.е. во полно одделување на нашите интереси од оние на балканските народи и во развивање меѓу македонската интелигенција и народот македонско народно самосознание?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ПОП ЈАНЧЕ: Тој има убава внука од сестра му Саветка. Ја познаваш?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ама не ќе да е доктор, има убав ракопис, им запишуваше на комшиите некаков рецепт за природен лек од трева.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ѓурчин имал некој пријател поп, (можеби тоа бил поп Пулиз од кого Ѓурчин откупувал к`шли (пасишта) и кого што го споменува во својата автобиографија, кој живеел во Солунското Поле и имал убава ќерка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тополчани си има убава местоположба, блиску е и до железничката линија и до џадето, и сосема, сосема е пристапно и пеша и со запрежни и со моторни возила.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Има убави бои, расцутена природа, динамика и сѐ што е потребно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имаше убав глас, продорен баритон, кој се пробиваше низ старата беговска куќа, ја исполнуваше со неговата надеж.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Рече дека има убава жена, скап автомобил, а наскоро и убава куќа, и затоа сите му завидуваат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Го познавав и неговиот претходник, амбасадорот Петер Себастијан, кој ќе мине најголем дел од својата дипломатска кариера во арапските земји, а во Тунис ќе службува во последните години од режимот на Хабиб Бургиба (1984- 1987). Имавме убави односи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одлично го владееше книжевниот арапски јазик, како и говорните варијанти на земјите во кои службувал во речиси сите држави на Блискиот Исток, Магреб и земјите на Персискиот Залив...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Толку бев радосна што отрчав кај Цвета и ѝ реков: Цвете, јас имам нова мајка, дојди да ја видиш, колку има убав фустан и шамија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Си мислев убаво девојче сум, сите тоа го знаеја, убаво се облекував, имав убава коса, ќе ја заплетев на две плетенки и ќе ги замотав околу темето, беше толку густа, небаре шубара да имав.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имавме многу убави волови, ги одврзаа од јаслите, имаа убави синџири и двајцата, по еден вол зедоа и заминаа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој имаше убав коњ, ама јавачот не беше добар, затоа се направив дека не ги слушам дофрлањата, за да не го посрамам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Лилица и Азра се почитуваа и имаа убава соработка, без оглед на разликата во нивните години.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кафеаната е целата застаклена и од неа има убав поглед на плоштадот и околните улици.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Имаше убави ресторанчиња каде што пиевме локално точено пиво.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Убава е Родна моја, му минува, има убаво тело, таа го топори во очите на сите, ама само под него го постила!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Велат дека има убави едрилици, со здравје да си ги едрат!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И затоа глогот е благословен од бога најрано да цути и да има убава миризба.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Стивенс поткачен на каменот имаше убав видик и уште од далеку и го слушаше нејзиниот тропот и повременото смучкање со носот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Стариот Кољо имаше убав слух, беше внесен во хармонијата, што често идеше од спротива, од татковата библиотека.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дали затоа што имаше убави црти на лицето, што беше мирна, скромна, повлечена во себе, што учеше добро - или затоа што и тој, како неа, имаше некој свој недостаток, некоја маана: при зборувањето, му препињаше зборот: потфаќаше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но, имаше убави, малечки стапала.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој имаше убав преглед на сите што влегуваа и излегуваа од хотелот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И, се разбира, не можеме да имаме убав свет ако не се бориме против сите зла што ни го грдат животот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мислам дека секое животно има убави и чисти очи како дете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаше убав поглед на Вардар. Станот се наоѓаше на поткровје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тогаш почна да пелтечи. Му реков, имај убав живот, многу среќа ти посакувам и сѐ најдобро, а сега пријатно, од мене толку.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Убаво, убаво ви е овде! - вели најпосле. - Имате убави трендафили.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Што вреди што ми велат дека имам убави, долги и вити нозе како создадени за носење мини здолништа, кога моето огледало јасно и гласно кажува: „Бреза, твоите нозе се криви и немој случајно да си помислила да ги покажуваш”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понекогаш се случува да се посомневам во неговата искреност и да помислам, разгледувајќи си ги нозете, дека и не ми се баш толку никакви туку, напротив, дека одлично ми стојат куси фустанчиња и костими за капење, но тамам во тоа ќе се уверам, ете ти го огледалото, сѐ ќе стори да ме разубеди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)