Покрај тоа, со ЗВРС дојде до целосно укинување на некои права кои странците ги имаа согласно претходниот закон.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Дека дури и она што преостана од правата на работниците што ги имаат согласно Законот за трговските друштва може дополнително да биде редуцирано, покажа измената и дополнувањето од 2007 година, со која можноста вработените да се стекнат со акции бесплатно или по повластена цена е укината до 1 јануари 2012 година (чл. 6, 29 и 31, ЗИДЗТД/07).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За крај на споредбата на ЗИТ (1985) и ЗИТ (1997) ќе кажеме дека единственото позначајно овластување кое инспекторот на трудот 143 го имаше согласно законот од 1985, но не и согласно законот од 1997 година е овластувањето да ја предупреди организацијата во која врши инспекција дека некој нејзин општ акт не е во согласност со законот или друг пропис (чл. 27, ЗИТ/85).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Некои од правата што тие ги имаа согласно Законот за вработувањето од 1987 година беа целосно укинати, додека други претрпеа промени кои главно беа неповолни од нивна гледна точка.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)