Знаејќи колку е важно во овие мигови да имаш топло подадена рака и раме за солзи Виктор ја гушна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кога ликот на учителката Вера онаков каков го имав топло во срцето не би ми се мешал со ликот на Вера - маќеа, тоа би било нешто сосема друго...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ако вчера Македонија ги пречека со магли и солзи, денеска ќе бидат под закрилата на Господ, а господ има топло срце што цел ден ќе го шета по синото платно на небото! шета со очите по полегнатите крај себе, се гали по мешето и мило ѝ е што не се веќе во онаа тешка рамница која во ова време целата се претвора во кал и додека не дојде северецот да ја замрзне не може да се шета по неа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)