Моето мислење и впечатоците не ги сметам за значајни и јас бездруго никогаш не би ви зборувала за тоа што ме инспирира во оваа книга; но бидејќи во вашата разгледница од Солун вие повторно ми сугериравте да ја читам книгата, сепак јас ќе се обидам да ви зборувам за неа... за да не го побарате тоа од мене и по трет пат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Пред влезот на арената нè пречекува водичот – конзерватор З.З., претставен од Х.Х. како археолог и поет, инспириран во своите песни од морето и античкото минато.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)