Таму се фрлаат сите видови отпадоци; искинати опинци „опурчаци", непотребни кожинчиња, шутки од искршени грниња и бардаци — стомни и сѐ она што не е за брза употреба, но сѐ што би можело да се искористи во даден случај.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Работата на италијанските и советските семиотичари, успесите во граматологијата и наратологијата, напредокот во изучувањето на билингвизмот и мултилингвизмот и процесот на учење на јазикот кај децата, сето тоа можеше да се искористи во Translation Studies.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сите наши проблеми во овој момент сами излегуваат од тоа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но, ако технологијата покажува тенденција за зголемување на можноста за меѓучовечка комуникација, за делење на заедничкото искуство, тогаш тоа е добра технологија дури иако и таа може да се искористи во некои лоши цели.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тогаш другите тоа неединство во партијата веднаш ќе го искористат во своја полза.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Можеби оваа техника Хичкок најдобро ја искористи во „костимираниот” филм Во знакот на јарецот (1949), кој не беше вистински трилер, па поради тоа беше и отстапување од правилото, а кој комерцијално пропадна, веројатно заради тоа што никој не очекуваше ваков филм од Хичкок. (Од тогаш Хичкок тврди дека не сака „костимирани” филмови, бидејќи: „Не можам да замислам како во костимиран филм некој може да оди во бањата”) . •Како ќе го дефинирате чистиот филм? •Хичкок: „Чистиот филм е спојување на комплементарните делови на филмот во една целина, како што мелодијата е спојување на музичките ноти.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Прво сакал веднаш по бродоломот крај чамецот да заплива неговиот труп, но се исплашил од водата (идејата ја искористил во рекламата за Frenzy, кадешто по Темза плива неговиот труп, но тука е секако заменет со кукла), и затоа проблемот го решил така што до чамецот од остатоците од бродот стигнува весник, во којшто меѓу другото има и реклама за брзо слабеење, со вообичаената слика на дебел маж „пред” и на истиот, но ослабен маж „по” (диетата за слабеење) (весникот има и дополнителна драмска функција: со вестите за германските потопувања на бродови да внесе додатна напнатост и страв меѓу бродоломците).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Но, многу е повпечатливо ако истиот ефект го постигнете по пат на монтажа, бидејќи на тој начин во настанот ќе ја вовлечете и публиката - и во тоа е една од тајните на монтажата во филмот.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Неговото присуство Константин Фотиќ се обидел да го искористи во пропагандни цели, со единствена цел, да го актуелизира повторно Дража Михаиловиќ во американското општество.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
За таа цел тој организирал конференција за печатот, на која Борислав Тодоровиќ направил обид да ја минимизира улогата на НОВ и ПО на Југославија, одејќи дури и дотаму што партизаните ги претставил и како соработници на окупаторот, дека во ослободените територии од единиците на НОВ и ПО на Југославија "владее терор и комунизам".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тогаш Ајша сакаше да го искористи во наговорувањето, затоа, по свршената работа доцна навечер, не забораваше да и натолчи: – Потурчи се, мори будалче, потурчи се да живееш како нив. Ем уште поарно.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Некои работи од сето тоа веројатно ќе можам да искористам во тој мој роман за деца.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Место мојот најсвеж сон што Пачев го очекува со необично сладострастие му го нудам објаснувањето на Загорка Пеперутката што може да се искористи во случаите што се чинат неразрешливи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)