Штом го испија кафето Вера стана и се ракува со сите по ред. Татко ми тргна да ја испрати.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во првото кафеанче седнав да испијам кафе, ја пикнав раката во кожната ташна што ја носев обесена на рамо, а која сега ја имав положено на масата пред себе, и го најдов својот адресар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го испив кафето над растурените хартии и книги, ја испушив цигарата, го сетив она забрзано удирање на срцето и, што сега?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Потоа ќе влезеше дома и долго на балконот Го полеваше цвеќето, ги забришуваше неговите листенца И на крајот ќе седнеше да испие кафе со младата домаќинка.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Нунката го испи кафето, истури еден кош благослови за детето, родителите и роднините и си отиде да го земе кај ручек време и нункото со подарокот за на крштевање.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Винстон ги дојаде лебот и сирењето. Потоа се сврте малку настрана во столот за да си го испие кафето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Седнуваат ли потоа да ручаат, па да се одморат по ручекот, па да испијат кафе на терасата откако ќе станат, па да телефонираат на неколкумина, па да излезат навечер некаде сами, или со децата, па да гледаат телевизија, па да...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)