Но, нечовечната „традиција“ не застана тука – напротив, таа продолжи и по три години, кога со втората измена на ЗРО (2005), онаа од декември 2008, повторно се интервенираше во делот на плаќањето испратнина, и тоа во две насоки: прво, се прецизираше дека исплатата на испратнина е во висина на „нето-платата“, а не, на пример, на бруто-плата; и, второ, неоправдано се намали основицата за пресметка на испратнината, па така наместо одредбата дека истата не смее да биде помала од „платата врз основа на која се исплаќаат придонесите за социјално и здравствено осигурување“ т.е. онаа плата која реално ја земал сега отпуштениот работник, се утврди дека таа не смее да биде помала само „од 50% од просечната нето-плата исплатена по работник во Републиката, во последниот месец пред отказот“ (чл. 3, ЗИДЗРО/дек.08); • промените кај можноста за стручно оспособување, обука, преквалификација или доквалификација се овие: Со измената од 2000 година се воведоа две промени – едната помала, а другата суштинска.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)