За да го исплашат населението и да создадат паника, тие започнале со уништување на гасоводите, оставајќи го градот во темница, и да го попречат гасењето на пожарите што ќе настанат и што ќе се шират поради отсуството на помош; потоа тие фрлиле бомби пред поштите, пред англиската кафеана, во градината „Алхамбра“; ја дигнале во воздух отоманската банка преку копање канал до нејзините темели; претходниот ден го запалиле паробродот “Гвадалкивир“; следниот ден се обиделе да го дигнат во воздух телефонското биро...“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)