77 Со овој закон е предвидено дека едно трговско друштво може да учествува во распределба на квотите на работници за изведување на градежни, монтажни и изолациони работи доколку исполнува одредени услови како што се: друштвото да е кадровски и технички екипирано за самостојно изведување на конкретни проектни договори во странство, да има регистрирано дејност во областа на градежништвото, да има најмалку 10 вработени на неопределено време, шест месеци пред пријавување на јавниот повик да има позитивен бонитет во работењето на претходната година, да ги има намирено сите давачки по однос на придонеси даноци и други јавни давачки, да не е отворена стечајна постапка и да не е поведена постапка за ликвидација на трговското друштво.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)