Се надигна од облакодерите и се слеа со самото небо - во една длабока и страшна - неискажлива болка... мајсторот Него не го испратија со свирки, ниту се собраа луѓе пред црквата, на сред село, да играат оро.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Едно утро Бојан замина. Старецот го испрати со насолзени очи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Го испратија со поглед сѐ додека чунот не се изгуби во трските, а потоа и тие тргнаа назад.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Стоев на прсти помеѓу две рамења, гледав само малечко крајче на арената, среќен кога шарените кловнови со големи црвени носишта ќе се појавеа на тоа место. Кловновите ги испратија со весели извици.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ги познав домаќините што ме испратија со свое колило по лесновски камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Врз една куќа лежеа на парче зелена светлост од месечина здрвени трупови. Мртво се клештеа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Што може да стори? Мора нешто да стори.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Архирабинот го испраќаат со свирежи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога поручаа, Горда стана да си оди, но железничарот ја предупреди дека го испратил последниот патнички воз за дента, а жената ја кандисуваше да преспие кај нив, додека најпосле не изнајдоа дека токму сега поминува шинобус за кој треба да се доплати, па Горда набрзина се испрати со нив, го бакна детето во сон и истрча да го стаса писокот што наидуваше од блискиот свиок.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се најавуваше интегралното писмо да биде испратено со дипломатската вализа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И тој истрчува надвор, а гостите го испраќаат со смеење.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Му ја дадовме заработувачката и го испративме со убаво.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Патем ни умреа уште два-тројца. И ги испративме со очите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)